рана (ж.)
Под секира дабот, што бури победувал, така смртно под рани се веде, а потоа паѓа од моќната дрварска рака, ама - врз дрварот беден... “ Албанецот тоа го раскажа.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Од крвта ненаситен, сѐ уште водеше битка, лутина гневна дишејќи; од раните бликаше крвта, но сѐ уште бритка мавташе сабја, беснејќи.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Наша клета баба-мајка не ште френски думи, ште тја, братја, лек и билка да исцери рани. Но нек ви досвршим, братја, приказ си за баба. ***
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Летале што летале и приближиле до некое краиште од земјата, слегле и си починале, си попасале тамо троа тревичка, чунки такво било местото што немало никаква животинка рана за штркови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за рана на штрковите.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Под мостот вода морава - тече и мие ранава.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И куршум екна – пропиште онаа песна проклета. Стојана в гради погоди, смртна му рана отвори, замина, „оф!“ не испушти сред младост бујна, јунашка.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Лејте очи, с’лзи жешки, гини срце, в рани тешки!
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Везден одам, везден траам, везден судни маки чмаам... Глава веднам... С’лзи леам и сред лути рани тлеам.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Утредента селанецот нѐ поздрави со тага во детски раширените очи: - Одам... Лекарот вели дека заздравела раната.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ќе ми ти наврцка еден булук, сете како пилци, а ти ајде со твојте, оди, работи, рани и. Mope, срце ќе и јаде, кога јас 'ќе и рана! Рани ќе ранат по мршата!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како нов момок, уште неопитен во работата, ќе ти платиме отсега — Крстовден до Гурѓовден четири лири пари, рана и опинци, бидејќи има повеќе од половина година.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Светот - свет е, а ти - крв и рана, кој го слути твојот жеден плам, и кој слути дека си фонтана кога ноќе поминуваш сам.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Во таа соба ниска и непроветрена, по мирис ја сети тешката рана.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Крвавата рана на рамото почна да се оладува и јаката болка му ја врати свеста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Поинаку“, рече агентот. „Малку сол во твојата отворена рана, малку пламен од запалка.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)