ранување (ср.)
А, на некој начин, сите се ранети поради ранувањето на стварното.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Душевното и физичко страдање предизвикано од тоа ранување го следеле низ целиот живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Честопати ги слушав имињата на местата на нивното ранување – Копанче, Горуша, Бел Камен, Аљавица, Чарно...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)