раскопачува (несв.)
Да, после почнаа сите да раскопачуваат нови ниви. Кога се зафати сета земја во Дрмине и во Батацине, почнаа да се префрлаат кон Задмартинец, Росуље, Лутешки Дол и на други места. Секаде кај што беше посложно и кај што можеше да појде вода. А некои и кај што не можеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зедовме секири, казми, дикли и му влеговме на дрезгите. Со ред: јас сечи напред, Мирче раскопачувај по мене, а Велика влечкај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зедовме да раскопачуваме нивје.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)