раскрвавен (прид.)
БОГДАН: (го носи под мишка Пијаниот. Овој је раскрвавен на челото и се порева).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Останав се раскрвавено лице, со раскрвавено срце. Кога стаса полицијата станав рамнодушен спрема сѐ и немав волја да објаснувам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еден светилник залета во воздухот и падна врз главата на омбашијата, а од неа бликна крв. – Пукај, сечи, коли! – се разрева раскрвавениот омбашија и сам се загна напред со голиот јатаган во забите и кубурите во двете раце. – Еј, Ристосеееее!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Раскрвавен, издрпан и прашлив стоеше Цепенко, со празни раце, без тагарецот, на самиот праг од вратата и тешко дишеше...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само знаеше, иако тоа знаење не му носеше никаква утеха, дека една таква празнина носеше под својата лажичка и оној таму, носеше оној и нешто повеќе од тоа, со сета онаа раскрвавеност на левото бедро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа и задоволни, онака како што се може да се биде задоволен по некоја ужасна смрт, на која ѝ претходела уште поужасна болест, од тоа што веќе нема да го гледаат Големиот Ристана како го влече својот плач по нивните темели со раскрвавените палци на нозете.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше една приказна која кажуваше како Волчарот голорак се фатил со некоја разјарена волчица, а во вистинска ѕверска борба, сиот испокасан, раскрвавен, успеал да ја задави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во болка, раскрвавен како рането ѕвере, секој ден 'ржеше, на секое место во домот го демнеше Кејтеновиот син, се спремаше за најстрашна одмазда.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Запаѓал во очајание и удирал со главата во ѕид, во дрво, во сè што ќе му се најдело пред него. Го наоѓале раскрвавен, премален.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Без импулси за животот околу себе паѓале на земја по првите прегратки со жените и со мајките и се распливнувале во нејасни, распарчени и испреметкани соништа, пред тоа преслаби да ја голтаат и да ја издржат ракијата што сосила им ја сипувале помеѓу испуканите и раскрвавени усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така раскрвавен и валкан полека ме водеа. Влатко и Дејко ме придржуваа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Гледај ги ти, детиштава! Ќе ти дојдат вака раскрвавени, па уште и одбираат: не чалма - газа и фластер!" се налути сестра Мира.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На неколку чекори од трлото го видов Рогуш сиот раскрвавен.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Одеше со раскрвавена глава, со потечено око, нос, буза, со модрици на лицето, со лузни, со исчашени прсти од мавање со тупаници по децата на кои им ги искривуваше вилиците и им ги ронеше забите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Геро, штрклестиот левучар со раскрвавен палец и одрани колена на некогашната меѓумаалска полјана, а сегашниот новограден солитер, денес асистент снимател, а утре снимател, но можеби и нешто повеќе - амбициите понекогаш ги водат и способностите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Зениците на мачорот се проширија, а неговите жолтозелени очи зачудувачки зјапаа во четирите раскрвавени и откинати шии на пилињата, што беа крај мрежата на кокошарникот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Раскрварен, јаден да биде се трудат разединет, газен од изроди свои проклетници, ѕверови недостојно му судат свој кога те гази најмногу боли
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Длабоко во ноќта јас ги препознавам твоите горди, раскрвавени очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)