раснење (ср.)
Секое зајдисонце, Мајката го испраќа со придушен плач, иако го претчувствува неговото раснење: детето-змија мора да си ја проверува силата, да ја совлада сопствената судбина: - во седната година, ќе му го препречи патот распашаниот Мечок.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во таа смисла, денес може да се зборува и за раснењето на дизајнот. ѓ) Ватимо (Vattimo) Џани Ватимо, конечно, формата на егзистенцијата што му одговара на новото сфаќање на смислата ја опиша како постмодернистичка форма на живеење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Деридаовото преиначување на смислата му соодветствува на преминот што францускиот психоаналитичар Жак Лакан го опиша како пресуден во раснењето на човекот - за неговото одвојување од нарцисоидниот стадиум на огледало.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се сметав себеси интелектуално за Германец, сѐ додека не го забележав раснењето на антисемитските предрасуди во Германија и германска Австрија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)