распалува (несв.)
90. Мисирков зборува за „возродување”, „пробудување“, „собудување“ и сл. како процес во Македонија што поинтензивно се развивал од крајот на 80-тите години на минатиот век, но кој не само што траел, туку почнал и уште посилно да се распалува во 1903 год. особено по Востанието.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Можеби така шумоли ракијата во ловците, ги грее, ги распалува и им го претставува светот поинаков отколку што го виделе и што го знаеле.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Занесуваат и распалуваат какви не желби. Радост! Пролет без пролет!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Му допушташе на пламенчето да се распалува до една висина до која тој ќе посакаше да го распали.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Печката баботеше, распалувајќи се, црна, сраотна, но најстрашното беше она невидливо заплиснување на топлиот воздух во неговото главче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чираците пред дуќаните ги распалуваа мангалите. Така е редот. Кога ќе дојдат мајсторите, треба да се огреат..
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Да броиш огништа ноќе, некои расфрлани сонца од соништата кога се распалуваат по покосените ливади, косите на косачите кога светкаат на месечина, кога почнува полноќна љубовна игра меѓу две песни: девојките низ некој темен глас кога ги довикуваат своите момчиња и тие кога им одветуваат...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Јоле гледа колку е времето и го распалува со кундакот в плеќи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кејтеновата тајна секој ден сѐ повеќе ја распалуваше љубопитноста на мојата млада и неопитна душа, што можело толку многу да го излуди?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Плачот на хармониката со многу копчиња од седеф ги растажуваше и им ја распалуваше крвта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Му ја потпирам главата на плеќите и осеќам дека се распалува нешто во мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога го виде Китан шишето, како господа да го виде; накреваше на него, отпиваше забрзано и го жулкаше Анка по раката што се држеше за шипките; пиеше и сѐ така го жулкаше молчејќи како нем човек; лицето му блескаше од радост; од очите му избиваше некоја чудна светлина од задоволство, од радост, од огнот што му се распалуваше во него; отпиваше од шишето забрзано како човек прежеднет во пустиња.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога го виделе големиот пламен, дотрчале и луѓето од Езерец, но не можеле ништо да сторат: ветерот што дувал сѐ повеќе го распалувал огнот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ќе дојдат по нас други, тие ќе го распалуваат, ќе вивне пламен, ќе ја огрее слобода нашата Македонија, а нас ќе нè нема...
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Сега се распалува скарата. - Добро.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не сакав да ја распалувам повреденоста кај него, но тој во тие моменти не беше во состојба да разликува нијанси.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Виртуозната предигра го распалува цвеќето и мирисот се шири насекаде.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Понекогаш секој за себе го истражуваше ареалот на телесната сласт, барајќи го жарчето кое најбргу го распалува огнот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)