рационалност (ж.)
За да ме побијат, тие основаа и клуб: „РАЦИОНАЛНОСТА Е СМРТ НА МЕТАФИЗИКАТА“.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
ДЕРИДА РОЏЕР: Во Германија сега се расправа за рационалноста и ирационалноста на радикалната критика на умот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се плаши да отвори прозор за да Фјодор случајно не одлета над стреите Келнски и да не се насука на врвот на Келнската катедрала каде што живее малиот но недопирлив бог на рационалноста и мајсторството, кој е многу кавжлив и терсене иако има долга бела брада како Дедо Мраз.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тој е очигледен во мисионерскиот полет на христијанството, или во Виландовата изрека дека “само вистинскиот космополит може да биде добар граѓанин”,6 или во уверувањето дека науката и рационалноста се добри за сите култури и дека на крајот ќе надвладеат насекаде.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Науката и новата рационалност се подразбрани како нештата што ќе го уништат страдањето и што ќе донесат повеќе среќа и удобност дури и за оние кои инаку не би можеле да ги уживаат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Слотердијк во афоризмите за рационалноста вели дека „постои и една функција на вистината која што е постара од обработувањето на земјата на селанецот“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во текот на изминатите столетија нагласката беше врз нашиот свесен систем за обработка на податоци - рационалноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мајкината рационалност, која извираше од конкретното соочување со животот на новото семејство, убаво се усогласуваше со Татковата наклоност кон мистичноста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Токму затоа ништо не можеше да се замисли без Мајчината рационалност, без нејзината приземјеност во решавањето на малите и директни проблеми на нашата егзистенција.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со текот на времето, си мислеше рабинот во затворската ќелија, неговата личност се изгради со знање, стекна интелигенција и изразита рационалност, опит, па и мудрост, но не се зацврсти со силата на волјата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јавниот простор постојано се произведува преку „дијалектика на вклученост и исклученост, ред и неред, рационалност и нерационалност, насилство и мирно несогласување“.84 Иако јавниот простор генерално се смета како помалку или повеќе отворен за јавно учество, тој не е ослободен од регулација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Комуникативната акција, смета Хабермас, „овозможува зачувување на модерните вредности на општествена рационалност, консензус, еманципација и солидарност, на тој начин поставувајќи ги основите како за општествена критика така и за реконструкција на општеството“.103
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Можеби тоа има врска со фактот дека Хабермасовиот модел на јавната сфера е историски базиран врз моделот на печатените медиуми, коишто „поттикнуваа стилови на аргументација кои се одликуваа со линеарна рационалност, објективност, и консензус“107.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ова е добра поука, треба сомнежот и рационалноста секогаш да ги држиме будни затоа што можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ ќе му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тој го манифестира својот вкус и како способност за јавен интелектуален став со кој од еден социо-историски и културен контекст може да се проценува и оценува убавото и вредното во уметноста, нагласувајќи постојано дека „сомнежот и рационалноста секогаш треба да ги држиме будни зашто можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ може да му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)