регионален (прид.)
Мојот осет за регионални акценти во тоа време беше пред сѐ неразвиен.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Неговите движења стануваат стереотипни и така му овозможуваат на антропологот низ нивниот ритам и стил да ги идентификува неговите национални, па дури и регионални карактеристики.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И во периодот на Римското Царство, за време владеењето на императорот Диоклецијан, Скадар бил регионален центар, потоа за време владеењето на Словените на Балканот, Скадар ќе биде центар на Зета, за потоа да се најде под власта на Венецијанската република.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Низ него поминува регионалниот пат Гостивар - Дебар и Гостивар - Кичево.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Е, де ене каде е Кочани! Сите главни и регионални патишта се проодни.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Загребски Динамо и сплитски Хајдук во поглед на своите приврзници беа воглавно регионални клубови.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Дали сфаќа дека со овој репертоар ќе биде локална, или во најдобар случај регионална ѕвезда, или едноставно се се случило спонтано, не знам.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Исто така, границите се и знаци и агенти на идентитетот – не само на националниот идентитет, туку и на етничкиот, расниот, родовиот, сексуалниот и регионалниот идентитет, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Бил сосема во право кога истакнал дека ако владите на Велика Британија и на Советска Русија започнат со играта за воспоставување "рамнотежа на силите во Европа меѓу регионалните федерации, последниве ќе бидат од мала полза.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Салвемини немал ништо против регионалната федерација, но само ако „вториот чекор се преземе без одлагање“ и рекол дека регионалните федерации би требало да послужат само како прв чекор во реализирањето на таа идеја, а не како пречка против непосредното обединување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)