регулира св. и несв.
регулирање ср.

регулира (св. и несв.)

Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја регулирав собната температура. Завесите ширум ги раскрилив, иако не трпам сонце.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Весник на жителите на Алпите, 01.01.2002 Потпурито од бои – лексички насликано со разноразни зборообразувачки творби и метафори – во Времето на козите од Луан Старова го отсликува и потцртува емоционалниот свет на Балканецот кој се регулира преку силната меѓузависност кај човекот во однос на природата и на животните што се одомени во овој регион.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако меѓусебно ги поврзуваме, тогаш сепак би морале да се потпреме на еден синтетизирачки ум над нив што би ги регулирал премините помеѓу разните дискурсни форми.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Совет: Пушењето може лесно да се регулира, но не и јадењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тушот ѝ е во рацете. Ја регулира температурата на водата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мозокот ги регулира податоците на таков начин што единиците на просторот взаемно се исклучуваат. Милиони такви единици. А всушност, теориски, трилиони.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На корпорациски нивоа фонтовите се метод на визуелно претставен јазик, и регулирани се како елемент на корпорацискиот заштитен знак - симболот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Онианс укажува дека истите хармонија, број и ред коишто можат да се најдат во старогрчката математика ги одредуваат и уметноста, музиката и архитектурата, подеднакво како што ја регулираат и старогрчката воена фаланга; впрочем, и „Хесиод, во Теогонијата, ја прогласува Хармонија за ќерка на Арес, богот на војната“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кои се ограничувањата на ХТЛМ? За сега сѐ уште универзален компјутерски јазик користен на Интернет, HTLM и браузерите што го интерпретираат создаваат квантитативна структура на размена која го режира текстуалниот или говорен тек и го регулира неговото ширење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од друга страна, неговите активности не се регулирани со закон, или со какво било јасно формулирано правило за однесување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уставот содржи 100 члена и во детали ги регулира должностите и правата на членовите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зградите што тој одбира да ги нападне со неговите големи слајд и видео проекции (што тој го нарекува ’интерогативен дизајн’) се обично оние кои доминираат во урбаниот пејзаж, оние кои го контролираат и регулираат протокот на секојдневниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
51 Со напредокот на технологијата, меѓународните режими за полициска контрола над границите сега можат да ги регулираат новите начини на употреба на ненаселени простори, како на пример Антарктикот, океаните, воздушниот простор и вселената.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
82 Карактеристиките на јавниот простор може да се сумираат на следниот начин: - се дефинира преку процес на исклучување (според раса, род, класа, сексуалност, возраст, попреченост) - структуиран е и ограничен со закон (и сѐ понагласено се регулира и е под полициска контрола) - претставува подрачје за политичко делување (место на протест на работниците, за правата на жените, сексуалните слободи, расната еднаквост) - служи како церемонијална сцена за државата да ја покажува својата моќ - служи како место за собирање, простор за социјализација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Според претходно важечките одредби, под услов да им бил регулиран престојот, барањето за одобрение за засновање на работен однос во РМ странците го доставуваа до републичката организација надлежна за работите за вработувањето или на работодавачот кој потоа го доставуваше до надлежната републичка организација (сегашна Агенција за вработување) (чл. 3 и 4, ЗУЗРОСД).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе