редактира (св. и несв.)
Збиркава песни од народноослободителната борба - собрани и редактирани од Блаже Конески - до некаде ќе ја задоволи таа потреба.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Подоцна некој главен мозок од Внатрешната партија ќе ја одбере оваа или онаа верзија, ќе ја редактира и ќе го стави во движење сложениот процес на неопходното исправување на текстовите поврзани со овој и тогаш избраната лага ќе биде сместена во архивата и ќе стане вистина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потребата да се обнови лектирното издание на Црни овци и да се приреди второ, редактирано и дополнето издание е, всушност, сведоштво за потребата на македонската јазична, културна и образовна средина, да биде во комуникација со наследените и со новите вредности на кусиот расказ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Татко му ги преведуваше најзначајните сиџили, при што Камилски ги редактираше јазично преводите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)