резерват (м.)
Сѐ станува презаштитен природен резерват, толку што од големата заштитеност денес почнува да се зборува за денатурализација на Јосемитската градина за да ѝ се врати на природата, токму како што се случи и со филипинските Тасадеи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Овдешните староседелци (иначе мешавина на Чироки, Ирокези и Команчи) живеат у посебни резервати кај што нема ни такса, ни данок, ни акциза.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
И додека во далечината татнат моторните возила од оближниот фривеј, во пердјуевскиот природен резерват владее речиси потполна тишина...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Тунис одамна беше и вистинската дипломатска оаза, еден вид резерват на великаните во дипломатијата, во која ги минуваа последните години на животот, дотогаш стари, искусни дипломати, прославени во нивното време со најразлични подвизи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Времиња мачни во резервати оџата пее на 1000 вати се краде струја со киловати народот чесен на крајот ќе плати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)