романтично (прил.)
Бездруго страшно романтично ќе ти зазвучат овие зборови а јас не можев да им избегам и веднаш, со првиот ред, да почнам да раскажувам за нешто друго.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сѐ уште романтично се плаче над платонско- петраркистичката Идеја за апсолутна Љубов, но Идејата постепено се пресвртува: петраркистичкиот платонизам во маниризмот се претвора во пансексуалност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Нешто како стаклениот тег за хартија, или полузаборавените стихови на г. Черингтон, нешто што му припаѓаше на исчезнатото, романтично минато, на старите времиња - како што ги нарекуваше во своите тајни размислувања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку романтично размислува.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога авторот ги препрочита редовите што се однесуваат на неговата средовечна помама, кога увиде колку се исцедени од романтично видување на една жена, си рече, Старееш, старееш, авторе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Трајното ослободување на Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост) од ментално-физичката стега не само што ќе го задоволеше чувството за праведност ами можеше да поттикне и благополезна религиозна полемика, исто како и лектирата „Злосторство и Вазна“ на часот по литература, која ја воодушевуваше романтично настроената професорка. „Дали јас тоа споменувам - вазна?!..“
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)