рубља ж.

рубља (ж.)

Во тоа време руското општество се занесувало со словенофилство. Тој занес им зеде околу 250.000 души војска и милијарди рубли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ништо од рублите за натфрлените норми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И дадов и сто рубли што ми останале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Билетот чини 50 копејки, а јас им земам по 10, по 20 рубли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас нешто неразбирливо си мрморам, а таа си продолжува: - Овде, не се сеќавам кој, ми даде рубла... Мислам, вие.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прв воведе данок на откуп, од што добиваше три илјади рубли годишно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Додека траеше музиката, дамата ме јадеше, велејќи дека за две недели на познанство јас не можев да ѝ купам парфем, а меѓу другото, прашина во очи фрлам и делам рубли лево и десно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Она, за генералскиот шинел, поставен со златни рубли, што го соблекол од генерал Воронов додека овој лежел мртов или контузуван во тревата“?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш му реков: „Е, во таков случај веројатно оној поставен со рубли генералски шинел ќе мораш ти да го носиш. Но без постава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае колкупати ги милувал тие рубли преку поставата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во Петербург постоеше голем непријател за сите што добиваат четиристотини рубли годишна плата, или нешто приближно на тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст,  со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Каде да ги најде другите четирисет рубли?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)