руен (прид.)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна, ти не ли се жалиш што вака се сипеш по ледини ридски, по тревата бујна?
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Старите бочви - преполни со рујно вино црвено!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Сум гледал рујна пролетна зора, сум гледал орел во крилен лет, сум гледал реки, езера, мора, но како тебе прилеган Пирин не видов нигде на овој свет?
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Рујно вино пиел, кревко месо јадел.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
4. Меѓусвет: габи
Нивните форми ни сраснуваат за погледот
и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот:
чадорчиња затворени со сласна слузокожа
во бела мека лека обвивка
памучни жизнерадосни белутраци
млечни фереџиња
повлечени, со тек на време
како лажни ветувања
демодирани манири
на постоење;
дволики појави, многуглави ламји
- сенките предвреме да се насетуваат
со флуид на влекачи и глодари
за да биде кошмарна прошетката
да има наезда на невестулки
да има сѐ на претек:
царски ѓубрарки, сончарки
или „кукмарки“ (име за сѐ!)
галапки, пупавки, млечки, рујни рујници
јајчарки со боја на манго
на папаја, јапонско лале или јаболко
летни вргањи распукани како петици
како суводолица
збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Најдоброто мезе се гости со ракија или рујно вино на чардакот кога душата ти сака, а Бог не се противи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)