руно (ср.)
Се кршеше, но ние се држевме за него, бевме боцки на овчо руно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- А од нејзиното руно сошивме многу убав кожув.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Нека види и тој каква голема “мечка“ сте фатиле и каков убав кожув сте сошиле од нејзиното руно.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А погледот им остануваше постојано заталкан и на самата граница на изгубеноста во тоа разресено и ниско стежнато небо, кое изгледаше исто како над шумата да беше налегнат некој со години нестриган овен со своето руно, под кое беше исто онака топло и заглушно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во прозорецот веќе беше опрено мечкиното руно на ноќта, црна и дива.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А Лазор Ночески велеше:„Овца што не може да го носи руното, ни овцата е овца, ни руното е руно.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни се мрси косата, ни се меша руното, јарината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пудлица: вистинско нежно прекрасно суштество: куса глава, куса муцка, високо кренато чело, јадри очи со убави веѓи, долго влакнесто руно префрлено преку вратот и нозете како пелерина.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Еден од елементите на Бојсовите перформанси беше и неговото користење на топлината на толпата за да се почувствува жив и силен, а неговите скулптури користат материјали - животинска маст, овчо руно - чија цел е да ги топлат тие суштества или да симболизираат топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)