рушење ср.
руши несв.

рушење (ср.)

Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, во тој случај, ќе беше изоставена убедливата истражувачка метода на Тортон Вајдлер во книгата „Мостот на светиот крал Луис“ (The Bridge of San Louis Rey) - една скрупулозна студија на биографиите, напишана со цел да ја оправда случајноста кога пет личности што не се познаваат страдаат при рушењето на еден висечки мост во Перу.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој никогаш не губеше време за релативизирање или пак за рушење на холивудските митови (во митологијата на американскиот филм, не постои вредност која не е успешно пародирана), и од неговите изјави, и уште попрво, од неговиот однос кон протагонистите, можеме да го видиме респектот кон холивудската традиција, особено кон системот на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Интелектуалната елита, на своите кридвишки вечеринки, ослободена од секоја интелектуална загриженост, користејќи го алибито на рушење на еден авторитарен режим, долго ја приготвуваше својата конзервативна, уште поавторитарна револуција, и на новата уривачка („антибирократска”) сила не само што не ѝ постави цивилизациска форма ultima ratio туку ширум ја отвори вратата за понатамошна варваризација на општеството под владеење на unico ratio, единствениот разум. Маргина 36 31
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имам налог за итно рушење. Надвор се аргатите со алат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пропагираат рушење на системот, а пијат капиталистичка Кока кола и Смрдевка од тајкунот Свети, зборат на капиталистички Ѕвони Ериксон и сурфаат на најновиот компјутер од Кил Гејтс.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Иако беше за рушење на ваквите предрасуди, не ја оправдуваше ни онаа љубов во која безглаво се влегува и чија странична штета за навек остава траги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Своето ЈАС го заборавив зад себе, носен од помислата „МОЖАМ ПОВЕЌЕ“ -и секоја стапка поблиску до успехот а за нив, рушење на сите градби од нереални идеи, фрустрации, неконструктивни закитени со синџирите од алчност и лакомост... правејќи заговор како да нѐ спречат?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)