самовар м.

самовар (м.)

ЛЕНА: Истрагата покажа дека тоа било несреќен случај, невнимателно минување преку пругата. (Таа станува, ги зема шољите и се упатува кон самоварот.)
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
ЛЕНА: (Се упатува во аголот, од спротивната страна на пијаното, каде црцори самовар.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Самоварите вријат, подрипнуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го зема самоварот и ме послужува со чај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иван Никифорович многу сака да се бања, и, кога ќе седне во вода до грло, наредува да му се стави самоварот и многу сака да пие чај во вакво студенило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој, откако си налеа од самоварот чај, продолжи: - Е, мои мили Балканци, во мигот не можев да утврдам во кремљското здание како дојде до моето испраќање во Гулаг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Донесе чај што го вареше во балканскиот самовар, чај што го оддалечуваше сонот и ја разбиструваше мислата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Меѓу нив, насреде собата стоеше самоварот, шиштејќи и испуштајќи облаци пареа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Рада ѝ се заковаа очите во големиот долап од кој беа „исфрлени“ камени плочи, а на секоја од нив стоеја стари петли, ѓуѓуми, котлиња, самовари, стари мелници за кафе, стар австроунгарски шлем, и што уште не. Цела мала музејска поставка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)