самоделен (прид.)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе ни потурат, ќе ни го подаваат самоделскиот сапун в раце и ќе ни велат: — Мори, ве знаат од дома?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И сѐ правел само со нож, со секира, со скепар и едно две-три сврдлиња што ги донесол од Влашко, самоделски, на ковач правени.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кусо, самоделски истрижана. Ѝ стоеше како четка. Штркната нагоре.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сред собата имаше самоделски шпорет, в лево маса со по една дрвена клупа од двете страни, а зад вратата кревет прекриен со ложник.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека Пела и Дончо крај самоделниот ковчег во аголот зборуваат за она што им се случува во училиштето, Чана пласната е во креветот на Пелагија и така легната, гледајќи во таванот, зборува за некој маж под кого она веќе легнала во леите со пиперки, вели Как да ти кажам, мила сестро, цала ма покрива, ха,ха, ха!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Веслата ми беа самоделски, сам ги правев, но добро зафаќаа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во собата во која ме внесоа имаше една самоделска маса прекриена со плетен шамак и две долги клупи од страните на кои седеа петмина мажи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
12. Некој го украл патоказот на влезот на селото, ама затоа во него на едно вртење десно има самоделски знак „Гулабова маала“ Кради глобално, делувај локално.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)