самоиницијативно (прил.)
Оган се отвора по команда или самоиницијативно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сето тоа го направил самоиницијативно и по одредено време ги однел своите цртежи во компанијата каде веднаш го вработиле.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Иако, во рамки на аптеката имаше основано и синдикат на ниво на работодавaч, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – тој остана нем сведок на овие непосакувани случувања, коишто резултираа со тоа што над 90% од вработените „самоиницијативно“ ги напуштија своите дотогашни работни места!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со други зборови, сопственикот на претпријатието се обиде, а најпрвин и „некако“ успеа во тоа, да го убеди судот дека Јакшиќ делувал самоиницијативно и без никаков налог да го отстранува дефектот, но и дополнително да го убеди дека на објектот немало надреден работник кој му ја делегирал таа задача!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Против пресудата работодавачот, кој ја изгуби парницата, знаејќи дека не е во право не се осмели да покрене никаков правен лек и истата беше спроведена доброволно – а раководството на „Дервен“, поучено од овој случај и под страв дека тој би ги поттикнал и останатите инвалиди на трудот да тужат – самоиницијативно ги исплати и трошоците за исхрана на останатите кои беа во иста фактичка положба, а немаа покренато тужба за истите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)