самонаречен (прид.)
Нашите пливачи - избрани и самонаречени балкански властодршци и нивните следбеници - ја заведуваат Европа која плете чорапи на балконот, и своите народи коишто изгладнети и осиромашени седат на брегот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
До сега, како што изјавува овој сегашен пензионер, ниту еден самонаречен синдикален лидер во РМ не им излегол во пресрет на работниците, и наместо за 1ви Мај синдикалните лидери да организираат протести и да се борат за подобрување на положбата на работниците, тие „играат ора на градскиот плоштад“. 163 1. Интервјуто го водеше Сашо Карапанчев, на 13.III.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сегашна состојба на безизлез, намерно испровоцирани тензии, дебати на телевизија, од таканаречени и самонаречени експерти, вести со константи за меѓуетнички тензии, кои бескрајно личат на орвеловски препис и многубројни copyright верзии.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)