сатански (прид.)
Во истиот момент лицето на пашата се сви во дива, сатанска гримаса. Тоа стана зелено.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сликата ти е недофатна
божја, сатанска, бесмртна
бела, охола ало,
лакома суето, Киту
твојата јасна росна јарост
крвавиот рев
вресот на твојата пена
- грбна лавовска локна
зборот може поверно да те опише
од било која икона, лажен идол
-развратен знак на китоловците-
Милосрдна срж, срцевино, божилаку
казни ги поганите: скриј ја вистината
‘рскавицо на покајанието
послушај го умот на бога
Магу, уживач на морски бездна
- утробата на светот
Цицалче големо
лицето исцели си го од длабочини,
Ламјо совршена
прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Не го спомнуј напразно името Господово курво сатанска. До вчера се макљаше со швалери, а сеа глумиш светица.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Од сликите воскреснаа и маж и жена и сласт и ужас и бог и ѓавол, божествено и сатанско, злосторник и покорник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Удри Господе, удри силно удри во ова проклето време удри по ѕверот и изродот гнасен и спаси го стадото од сатанско племе
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)