саѓа (ж.)
Гајдите свират, дури саѓите паѓаат од гредите.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Јатрвите се измија уште еднаш, Митра од брашното, Доста од правот и саѓите, и се приготвија за појадок.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Отсекаде се носеше миризба на чад и саѓи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Над платното лежи твојата рака фатена во градината на боите. Ти ми го понесуваш со себе убавото зајдисонце оставајќи ме на брегот по кој паѓа темнината како црни саѓи по белите постели.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Господе мили, па воздухот е толку усвитен што ти се чини дека ќе почне да паѓа како запалена пуза, како саѓи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А го мачкам со сѐ што ќе ми речат го мачкам; ракии, киселини, лукови, саѓи, катрани, со сѐ обидов.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цела Москва ја покри со пеплиште и со саѓи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се полнам со саѓи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таму стои и дека даските се црни, на таванските греди се нишаат пердиња исткајани од пајаците и дека на полицата што била на мојата страна, целата во прав и саѓи, имало две празни конзерви едната со сало а до неа и една книжна ќеса со сол која поради исчаденоста повеќе наликувала на стуткана свинска кожа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со едното око Чана гледа дека таму напред локомотивата испушта прво бело облаче, потоа ждригнува клобурци клобурци црни саѓи што целата ја покриваат, клобурците се претвораат во писок, во дрангож и во воздишки низ сите вагони.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вратата од таа црна дрвена барака, целата во саѓи и пајажини, со низи од сушени црвени пиперки, кромид и лук, му го покажа патот на гимназијалецот за во литературата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Му ја подадов назад, оти мачно ми беше на душата, и тој ја зеде; погледнав во своите раце и видов дека се извалкани од јаглен и саѓи; срам безмерна ме обзеде, и јас гледав тој да не види, па рацете незабележано ги истрив од црната риза, додека тој вљубено ја вртеше штичката во своите раце и гледаше во непознатите редови со ино писмо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога ја врати назад на масата, забележав дека на неговите раце немаше ниту саѓи, ниту траги од јаглен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Да знаеше да зборува саѓата, ќе знаевме и ние. – Тој потсобра раменици, од чудење скрши веѓа и, воздивнувајќи, рече: - Лошо, многу лошо...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)