светечки прид.

светечки (прид.)

- Чичко... - Што е? - Пушти го Белча. Човекот пак само очите ги врти кон него; лицето му е спокојно, светечки благо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот имаше светечки лик. Затоа се срамев пред врсниците и се плашев да погледнам во чии и да било очи како сега. Затоа рано созреав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но тој сепак е пророк, јагуло. Тој моето зло го облака во светечка мантија и знае: еднаш и мене ќе ми треперат рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаше нешто дури и светечко во тоа, како објаснуваше и како веруваше во своите мисли, тој младич, имаше нешто толку ведро, а во исто време и толку аскетско во неговиот ум, тоа маѓепсуваше уште при првиот допир, уште при првата средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Старецот имаше светечки лик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светечкото око на ѕидот сега беше поинакво, поголемо и повеќе темно, некако за своја сметка загледано во далечините, а ловците се движеа со бавни чекори и изгледаа како луѓе што до крај на животот ќе душат пред себе со кучешки занес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)