светлинка ж.

светлинка (ж.)

А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Исцеди од своето уморно тело уште трошка сила, замавна со крилцата и се понесе кон светлинката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За првпат по десет дена излезе на пајдос во дворот и виде светлинка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Деврието патролата — крстосуваше низ село и секаде каде што ќе видеше светлинка влегуваше да се убеди што луѓе има во таа куќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не знам дали од некоја светлинка во виното, Левтерија ми стои зацрвенета во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стануваме да жниеме, а мене само светлинки ми излегуваат пред очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шибна крв од носот и тргнаа светлинки да ми летаат нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светулките беа за сѐ виновни. Кога Дена ги забележа тие мали летачки светлинки, толку многу се воодушеви што не можев да ја додржам за раката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оти не знаат дека кај Танаско и Пена се оди од левата страна по самиот стрм брег што не пружа голема сигурност, тие влегуваат во разејнатата уста и долго не можат да се снајдат во темницата, тропајќи на случајно надрабаните врати или на оние што ги откриваше некоја слаба светлинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А таму горе едвај можев да видам светлинка: небото беше малечка точка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Небаре светлинка ќе болснеше во мракот, небаре накратко сонце ќе светнеше и пак мрак – солзите никогаш не ни пресушија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во далечината, којзнае каде, се гледаше светлинка во некоја си стражарница, која изгледаше како да стои на крајот на светот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)