свињарија (ж.)
Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Извесни свињарии во брачниот живот се неизбежни.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
ЉУБА: А зарем не ви се чини, дека ова што го правите е голема свињарија?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
МАРФА: Свињарија? Јас достатно свињарии овде се нагледав. Овде кавалер, онде кавалер...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Шо те боли курот за рајата. - На крај ако треба ќе ги спакуеме куферите и ќе му ја дувнеме од оваа свињарија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)