сврзува (несв.)
Јаким се отпушти на бетонскиот столб, омаломоштен и свенат, како исушено дрво, што ја изгубило и последната жилка, што го сврзувала со земјата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Копнееше по секој спомен, драго му беше сѐ што го сврзуваше со Неа, со синот и малата Весна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Иако, како и другите од тајфата, немаше ни еден добар збор за Аргира, сеќаваше дека нешто посилно од него го сврзува со тој секогаш наежен, стар човек, за кого што сите говореа: - Намќор, ни на живо се смее, ни на мртво плаче!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тогаш си во Ускудар и на станицата која овој град го сврзува со Анкара и човек може да се пофали дека се воврел низ вратата на Азија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако Дунав ја дели Романија од Бугарија, тогаш мостот ги сврзува обете земји, па со право го носи името „Мост на пријателството“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа ти се овозможува да го сториш со фериброд кој го сврзува едниот од другиот брег.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А поарно беше да не го правев тоа и да ја сонував зелената влага на долината во која ми призна гледајќи празно дека со мене те сврзува нешто повеќе од љубовта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сврзници што ќе ги сврзуваат поголемите земји...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го среди и исчисти секој предмет од куќата давајќи му нов сјај и живот, сврзувајќи се со него како со нешто живо и спасувајќи го од зафрленоста, заборавеноста и исчезнувањето: Масата. Столчињата. Печката. Креветот. Ковчегот. Ламбата. Часовникот. Водарникот. Ѓумот. Тепсијата. Леѓенот. Огледалото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа е специфичен двоен систем, кој во целокупната типологија на системите на писмо се појавува во улога на алка, што ги сврзува доследно силабичкото (да речеме, линеарното Б) и алфабетско (на пример, класичното грчко) писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Има една друга легенда што името на градот го сврзува со кочини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Веројатно му припаѓаат на безименото стадо со кое ништо не нѐ сврзува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Постои еден брег на кој заедно стоиме и секој поход нов нѐ сврзува посилно со него.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не можеше ни Орде да устои пред тоа чувство, но добродушноста на неговиот потсмешлив однос, што почнуваше да се јавува, беше несомнено потсилена и од онаа врска на кумство што ги сврзува двајцата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Едното значење беше дека не се верни оние зборови што ги изговори тој во стравот, а дека е верно оти нив ги сврзува најчиста љубов.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пискулиев се чуди: „Тч, тч, тч!“
Меѓутоа правата сладост си ја добиваше разговорот меѓу нив кога ќе преминеа на една тема што ги сврзуваше двајцата, на земјоделството.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)