секого зам.
секој зам.

секого (зам.)

Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога така го поставува неопходноста прашањето, тогаш јасно е оти секојпат и од секого ќе биде претпочетено второто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најнапред, од секого се знае оти ние ги милуваме нашата татковина Македонија и нашиот народ, зашто секој ден ги гледаме и ги изучуваме со своите органи на чувствата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Далеку, може дури преку море... На секого си туѓ... Нема со кого збор да промениш, солза да размениш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПАНКО: За тебе не се чудам. Ти би се ујдисал со секого, со Цигани и со ѓаволи. Ама чорбаџи Теодос, тој со Ѓупци!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (која на секого му става пред себе филџан со топла ракија).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лакоми се на парата, си и тепаат жените и децата, некои се одале на пиење и пушлук, да ми прошчавате; трет излегол кумита, та така од секого би имале по некоа мака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, каде вака, Крле, Горно мало? — го запраша слободната Бојана Катина, која со сите ергени правеше разговор и секого го задеваше — и што треба, и што не треба. Крсте поцрвене како рак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи претставата беше на откриено, беше пристапно за секого, та не изостанаа ни деца од петшест години, ни старци над седумдесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мариово златно има леб за секого. Така се фалеа тогаш Мариовците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Келнерот не се лаже. Еден поглед му е доста, секого да го измери колку тежи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И знаеше: алкохолот под неговото теме смислува чемер за секого што може нему да му биде чемер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој и таа на секого му раскажуваа кој го извајал, кога, каде итн. Какво задоволство!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со интерес се запираше врз секого од кругот и јасно се втиснуваа во него ликови, гримаси и гестови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во овој наш век нема ништо полековито од времето, од неговото минување, чиј што тек, со една прекрасна точност, длаби корито за секого од нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, никој не успеваше да заспие, зашто секого од тие изморени ѕидари и во сонот го настигнуваше она, што се случуваше на старите гробишта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе