семка (ж.)

Кузман седеше на својот маслен качкет и тромаво џвакаше семки од тиква.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Светилките матно светеа, беа многу послаби од пламенот на карбитените ламби под кои уличните трговци продаваа костени, семки и ореви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Децата по цел ден јадат тиква, семки, и не се знае кој повеќе е обркан, крмнакот или тие. Туку нели им е слатка, ако се обркани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утредента пред пладне, кога Јанкуло се лизна на влажна семка од лубеница и си ја скрши ногата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле ја изеде црешата, ја исплука семката и откри уште дека таа цреша е и многу вкусна за јадење.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од вашата семка здив нема селото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Шо сака со вас нека стане, кога немате семки во главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Море ќе те откорнам јас тебе оттука, семката твоја!“ пламна Профим и со мотиката го удри Грдана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Море напред, семката твоја“, свика војникот и го удри со кундакот, но Делин се изви, напна со сета сила и им се оттргна од рацете.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Долината се шири и станува сѐ поголема собирајќи го во себе зрното на мојата семка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Преобразбата на видливото во невидливо, препознатливото во непрепознатливо, е чин сличен на жестоката преобразба на семантиката в земи: се преповторуваат вековните процеси на трансформацијата од семенката до плодот, обликот на идниот плод го прима обликот на претходниот, но, не се преповторува времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А рацете дур летаат и нозете се јазат кон сонцето на плодот кон семките што 'ртат долапот расте во ноќта на сништата што лазат и вика тој со гласот што чкрипи тропа и чкрта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Можеби догодина ќе консумираме пакетиран сладолед и лупени семки и ќе имаме почист град, но лете и зиме, и во најсилниот студ, велат софијанци, не можеме да се спасиме од шумот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие не постоеја за него. Лежеше. Се одмараше. Грицкаше семки и - се здодеваше...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но тие поминуваат покрај привлечно уредени излози, па подзастануваат да ѕирнат, среќаваат кученца, па не можат лесно да ги одминат, си купуваат мастики, семки... Со еден збор, се влечкаат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во устата почувствува вкус на горчлива семка од кајсија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Низ оној прозорец што е свртен кон исток, го гледа брегот и неговото зеленило од разни дрвја: бор, костен, даб, јавор, багрем, липа, леска, евла, како и по некоја питома или дива слива, круша, црешна, кои никнале сами преку семките донесени од ветрот или птиците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Родот на јаболкниците се крастоса, се крастосаа и крушите, сливите родија плод без семки, плускав, запложен, издолжен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Исплука црна семка пред себе, во чинијата с сини рабови, ненадејно да се реши на судбиснки потег, мисла од која и самиот се стресе: вака веќе не се може, селото е омацурено, му недостига власт; тогаш нека се прочуе, со крајот на попот ќе почне, еден нов, поинаков живот во кој светот ќе е почит и кон живите и кон мртвите, на татковската земја и далеку од неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе