сеќава несв.
сеќавање ср.

сеќава (несв.)

Зар не се сеќавате, клетници, божјата рака како ве разори, смачка?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Станала Неда да си земе нешто дома и Силјан слегол од куќа, та ѝ го зел клопчето што везела сосемати игла и го качил на куќа, та го скрил во сламата за ич да не се сеќава.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Нашиот народ - сеќавајки се на оние денои кога голорак стана против мошна и организирана армија и успеа да излезе победник од таа борба, - црпи сили за великите дела што пак, со своите сопствени раце, ги создава во слободната и среќна Татковина.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Сеќавав некаква одвратност спрема ревењето и неподвижноста во која се наоѓаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како вчера се сеќам кога а лаже Митра. Ииим бреј, да се не види, кога поминаа вие пусти години. Ете ошче троа и веќе ќе обелејме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разбрале Турците кој го отепал Лумановиот татко и, сеќавајќи се што може да се случи, го чувале малиот сѐ додека тој не пораснал задоен со омраза кон македонското население.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Не, докторе“, чу. „Вие пред две години ја спасивте жена ми. Се сеќавате - тумор...“ Не се сеќаваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во таа накривена бекриска шубара, сплетена од гранки или од слама, почна сѐ. „Се сеќаваш ли?“ Се сеќаваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И, сеќавајќи се на првиот подвиг, не можеше да сфати.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И наеднаш се сеќава дека внук ѝ не рече многу.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сеќавајќи се на своето родно место, тој го подигна мостот на Дрина кај Вишеград на она место каде што во 1516 година ја прегази со коњот, натоварен со едната страна во еден кош.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Патилата тогаш ќе ви бидат попривлечни.“ Се сеќаваше на Никола и на мракот под неговото теме.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако, како и другите од тајфата, немаше ни еден добар збор за Аргира, сеќаваше дека нешто посилно од него го сврзува со тој секогаш наежен, стар човек, за кого што сите говореа: - Намќор, ни на живо се смее, ни на мртво плаче!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И зарад плиткоста на замислените одмазди. Се сеќаваше, студентите преприказжуваа...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеќаваше како пријатно го галат меките тревки, како му ја нудат својата миризба шареноглавите цветчиња и како го гледат и му се радуваат многубројните бубалки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сепак нешто станало кога веќе се решил да нѐ разбуди.“ И пак тој трепереше сеќавајќи се на зракот и на `рзнувањето и брзо се крстеше како да симува пајажеста павлака од челото: „Јас чув. Ви се колнам, јасно чув.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе