сивина (ж.)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Небото беше сето растворено во таа сивина, станато некако изгаснато модро, без ниедна ѕвезда и скоро исчезнато, само со една половинка изгасната месечина, ниска, бела и разјадена од сивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ додека сета таа развресканост не почна да се собира сѐ околу еден чуден, можеби и недостатно осмислен, но и највистински повик, што имаше тој да ѝ го довикне на морничавата сивина: - Дај луѓе. Даааааааааај лууууууууууууѓеееееееееееееееееј...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)