силикон (м.)
Преку складирање на човековиот вредносен систем како структура од податоци он лине и негово придвижување со помош на саканите програми, човековиот невронски апарат може да функционира во “силикон” во основа како што и функционира во мозочните бранови, но побрзо, попредвидливо понепостојано, и по желба, бесмртно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Другите размислуваат за употреба на ‘интелигенцијата’ на компјутерот како интерна протеза: „Минијатурните плочки од силикон ќе ни овозможат моментно знаење на странски јазик или на теоријата на релативност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Цеца у манастир ти е исто ко поп у јавна куќа, им реков и ги замислив тие бујни силикони во друштво на мноштвото икони.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Него батали ја силиконскава долина. Глеј колку педофили ко глувци се накотија у земјава, му викам.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Мрдајќи со задникот и нејзините вештачки силиконски усни успеа да ја шармира простата раја која се навлече на неа као на турска сапуница.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)