симболистички (прид.)
Заради нив тој метафизички коридор е отворен за поетската средба со смислата од која се раѓа симболистичката напнатост во модерното битие на стихот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)