симнување ср.

симнување (ср.)

Го познав веднаш дека е Младичот и се замешав во симнувањето, но тој веќе беше мртов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пилотот го проследува симнувањето на лифтот, потоа уморен го искачува последниот кат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не е тоа дека тој се задржува, бидејќи бев во можност по неговата сребрена трага да се уверам како својот од го продолжува и оди во добар правец, иако тоа за него значи качување и симнување низ безброј ѕидови или преминување преку цела фабрика за макарони.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Алхемичарите зборот „вел“ го употребувале во неговото оригинално антитетичко значење на прикривање (velum, завеса, вел) и откривање (revelare, откривање, симнување или повторно навлекување на завесата).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се восхитував на Симнувањето од крстот, или на Лазаревото восхресение, на Пречистувањето на Апостолите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеше по жени да дознае нешто повеќе за него, отиде кај турска бајачка дојдена од херцег-Босна, а еден ден скришум ја посети Мадам Мими, еден медиум чии огласи за натприродни моќи, претскажувања, симнување магии, лек против уроци и наоѓање исчезнати, повеќепати читаше во весниците, додека во нив ги замотуваше завршените алишта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Едно симнување од воз, тој сака веднаш да го види претставништвото и најпрвата работа што ја спомнува е проширувањето.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тој процес отпочнал со симнувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта, Горна Македонија, во централниот дел на рамнината на Долна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Скалите од тринаесеттиот кат надолу му изгледаа како симнување во бездна, а ноќта која веќе беше падната како предворје на пеколот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа потиснување порано било во служба на една пресудна политичка цел: само со симнувањето на нагласката од тоа колку настрано се чувствуваме и со одрекување на тоа колку сме различни од стрејт-луѓето, сме можеле да ја измиеме од хомосексуалноста дамката на абнормалноста и да го отфрлиме тешкиот товар на психопатологијата, на болештината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)