синевина (ж.)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
А после да чекорам до коленици в трева, до појас во светулки до теме во синевина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Отпрвин на Арсо му се стори (и тоа го зачуди) дека сите овие дрвја забодени со врвовите во синевината се бесилки, некаков нов и затоа непознат пронајдок за умртвување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мајка му и една ситна црномуреста девојка липаа над него, а неговиот поглед, далечен и туѓ, беше управен кон синевината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гали и сече неговиот поглед, како срча остра и силна како надробената синевина на ова далечно небо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше во сиот воздух наоколу, беше во сите планини над него, беше во сета тишина по сртовите, стоеше и во благата огреана синевина на небото, требаше само уште тој да го види.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тонеше по плавната синевина, за сето време додека немаше никаква мисла, без и најмалечка желба за движење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Меѓу две пеплосани гранки парченце синевина и ронче облак - како бела грива.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Некаде над мене, над куќата, прилично далеку, синевината некако се згуснува во една точка. Сѐ повеќе и повеќе.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Вреснав не од експозијата на белата светлина и не од нејзиното преминување во синевината туку од тоа што се случи ова чудо со мојот дом.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сега неговото лице се разведруваше, се враќаше јасната синевина на неговите очи што и нас нѐ смируваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во големиот син бескрај со сликите на Шагал, во таа синевина во кое се мешаа земјата и небото, гледав семејства со кози, како патуваа во облак.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од процепите на камењето на тврдината излетуваа илјадници чавки кои најчесто во меланхоличен прелет, со здружен повик што чиниш ја бранува синевината на небото и повикува на далечно и неизвесно патување, запираа на гранките од тополите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Рене минуваше низ градината. Беше лето; зевалиците ја нишкаа небеската синевина, ружите цутеа, милно потсечени.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Камените плочи во дворот беа мокри, како штотуку измиени и му се чинеше како и небото да е измиено, толку свежа и бледа беше синевината меѓу оџаците.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во таа синевина беше содржан летот кон небото, сите наши бегства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во нејзината топла душа, исполнета со синевината од која не можеше да ја раздели никаква граница.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Денот беше убав, светол. Небесната синевина се огледуваше во езерската.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)