сиренце ср.

сиренце (ср.)

Од слеп сиромав, манастирски ѓак, се најаде првин леб, со лебот побара сиренце, мавца, сланинка. Му текна дури и за мазниче — зелниче, та дотера дури до алва. Оти пак да не тера човекот?!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За заметот, ако сакаш, некоа ока сланинка, троа масца, сиренце, некој тагар брашно, гледај нема со шо да и прерана виа мојте глувци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Деца! — се обрна кон двете свои деца, Мечето и Бучето, и им викна: — Гледате? Стрико ви Стеван ви донесол биено сиренце, да му се живи дечињата и стоката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со малку сиренце, она убавото, жежено што се вика, и што се прави со усвитени камења што се ставаат во овчо млеко, и со понекоја голтка водичка од стомнето, ги изедоа печените компири, убави, вкусни какви ни на царска трпеза не можат да се најдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првин јадеше секакви остатоци од јадењето, или лепче и сиренце.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Знам и за кучињата и за кравите, знам зошто вујна понекогаш ме мазни по глава, ми дава лепче со сиренце само за да излезам надвор од куќи; знам и колку го налутува тоа мое влечкање по скали добриот вујко, него место не го земаше чекајќи да излезам од куќи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нема да ме изненади ако почне да ме уверува дека ме има уловено со парче сиренце на нејзиниот женски блинкер.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)