сиромав (м.)

Ние сме луѓе бедни, сиромаси.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сиромав, окапан, немаше пари да му плати на попот кога ве крштаваше, најпосле и него го закопаа на вересија.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Тоа така се вели зборот само, инаку чорбаџиите ги јадат пилињата и прасињата, а сиромасите — опинците.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Леле, леле, јас сиромав! Циганка да ме целива!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Абре, јас немам, стрико Петко шо немам, токо тиа шо имаат, сиромаси, ќе требе за вас да платат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата на сиромасите останаа да го поминат летото безгрижно, доколку татковци им не ги приглавија кај некој чорбаџија да му ги враќаат воловите и коњите по гумната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сиромаси девери! Фрлија и тука по една рака пари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Побогатите некако му плаќаа на Лумана, но сиромасите, а такви во селото беа повеќето, немаа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од каде се снабдуваат сиромаси овие три-четири месеци? – божем сожалително праша тој. –Море како немаат!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се помирија со судбината небаре им умре детето и тие продолжија да си живеат како сите сиромаси во селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А сиромасите прават од нив коркутка, вкусна густа чорба - тоа им е главно, а често и единствено јадење.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Каленци, Крушевичани, Чанивци, Пештанци, Вепрчанци и други „прекуреканци" останаа испретепани во Дуње да ги ложат бабите со кромид и сол, а дунските сиромаси што немаа да платат, ги собра Мефаил со него да ги тепа во другите мариовски села и со нив да ги плаши тамошните сиромаси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
14. ДАЈ МУ МИЛОСТИЊА НА СИРОМАВ АКО Е САКАТ - а не ако главата ко трска ја клати.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тиа покрај ниј збираат сермиа, и глодаат и они сиромасите, и којзнае кој се полоши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
17. СИРОМАВОТ СЕ ФАТИ НА ТАНЕЦ, ТАПАНОТ СЕ СКИНА - се селна, бедниот, се пушти и во себе побара вина.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ете, ние со Андона намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излегува, по него, едно војниче, застанува пред Турците и вели: - Не се овие за селење, вели, овие беа мирни луѓе и сиромаси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На сиромав, вели војникот, ни сиромаштијата не можеш да му ја земеш, И после се скина фронтот секаде. - Толку беше, си рековме. 212
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И секаде каде што ќе стигнел, ги земал во заштита христијаните и сиромасите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Почнаа да викаат „Сиромаси Власи, бери дрва греј се, пули краци смеј се...“ Жените на тоа почнаа да се срамат и да им се подлутуваат „Уф,туф, како не ви е срам!“ ама не со лутење туку со смеење и кикотење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе