сиромашка ж.

сиромашка (ж.)

СПИРО: Зашто вака ништо не прави: ќе клекне пред татко му и ќе ја остави сиромашката Стојанка лагана и излагана.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А таа, сиромашката, ако ја остави, откако ја изнесе на глас... Ќе си остане за век неомажена...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Со здравје и со добро, Стојанке! Е, бре чорбаџи Теодос, ја расплака сиромашката!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зошчо таа сиромашка токо гледа горе по патот витолишки! Очите и истекоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Која волна, која чорапи, гаќи, ќурдија, дури и по некоја сакма, а ете, некоја сиромашка фрлила писана кошула, — алова, „старавинската", а некоја пак грабено детинско кошулче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојо му вели на Трајка. — Море, брату, Илко вчера остана вдовец и ете, се прави мукает, ќе кандиса некоа сиромашка, ами ти, бре брат, оти ич мукает не се чиниш?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бен'м Италијан конзули, — се провикна господинот европеец на турски јазик и застана да гледа како огнот ја голта малата сиромашка куќичка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Растеше по куќите во селово и сите го сакаа, зашто татко му беше загинат во војните, а мајка му сиромашка...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се сеќаваш... минатото лето ти кажав дека го видов во ресторанот „Света Софија“ во Охрид заедно со менаџерот на владиниот организиран клептомански грабеж на општествениот имот на оваа сиромашка државичка!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Една баба сиромашка си имала една кокошка: таа је беше челад, таа је беше сета стока.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го прифаќаше брзо како стар пријател, не покажувајќи гадење од неговата сиромашка и прашлива облека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)