сквернавење (ср.)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Спомените се сквернавење на чистата форма
на доживувањата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Има суштини во животот кои во екстазата на нивното случување се впиваат во душите и пред нив зборовите се немоќни, можеби понекогаш и еден вид сквернавење...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оттогаш Аврам, повеќе не мораше да размислува за тежината на зборот, за хировитите заповеди, за злото на стореното, за мачнината од покајувањата, за сквернавењата на телото, за доживувањето на болката ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Какво сквернавење на една чиста љубов! – велеа ретките почитувачи на покојниот министер.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се крена поради сквернавењето на ликот и делото на Исус.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)