скржаво (прил.)
XIV Ноќта дојде полека,смрачено, ѕвездите на небото се појавуваа скржаво, додека најпосле мракот не почна да се сталожува, а светлината на ѕвездите да го притиска.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Скржаво крцна стара врата, зад неа замреа поткованите чекори.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Расположено по страните на длабоките кањони на реката Јантра, по бреговите распослани на острите северни падини на Стара Планина, Трново не дозволува да се изнајде точка од каде што ќе се зајазило Трново, делумно и скржаво ги откриваат неговите необични убавини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И во темницата скржаво ќе ги подотвори нозете, небаре вратниче од кафез со диво пиле.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гледам, отаде на припекот спроти мене, дрво, регуљаво, со ретки, скжаво израснати лисје.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ми стана мило што наидов на овој напис. Не ми зборуваше за ништо посебно, иницијалите не можев да ги поврзам со некоја личност, но ме возбудуваше дека зад Маказар стои едно изминато време, некој слој кој скржаво ми се открива.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)