скришен прид.

скришен (прид.)

Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Никој крај него немаше - вишното небе врз него, земјата скришна под него, над гробот врба стушена.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Со глас во кој во кој трепереше некоја скришна тага, тој почна да им ја расправа жалната историја на луѓето од овој крај: Не ни требаат ни риби, ни ништо од оваа страшилиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги знае добро моите желби скришни и знам што сака од сите вас да скрие.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сакаше да ги знае сите тие работи, сакаше да знае сѐ, што беше напишано во оние тешки купишта книги во собата од младичот, а сакаше да го знае и она, што го кажуваа и другите, забранетите, кои младичот отпрво си ги криеше под креветот, а за кои после Змејко му изнајде едно скришно место во подот од своето сопче. Младичот не му кажа ништо веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги преврза и ги испрати со скришна насмевка на устата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мајка тогаш му прати скришни мунѕи и му рече: - Тоа е дека не веруваш во вапери.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И верниот поглед на старите другари го плукам и ви откривам јавки скришни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Преку нив, преку субашите ги поучија другите како да се одбранат од данокот во крв - на новородените да им врежуваат крстови на скришни места, под мишките, или направо на челата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, чувствува, сиот се смалува: тогаш кога бегаше од заптиите ни не се сети дека тие можат да пукаат, но откако стигна назад во Потковицата, со некое скришно делче на умот, постојано на тоа се пристеува дека ако пукаа заптиите засигурно плеќите ќе му ги наполнеа со куршуми.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ајде да направиме летен театар од песокливи кули и сонливи дилижанси и бакнежи од шаторски преспивања Ајде да направиме летен театар со карневалски маски со скришни сказни со ружи и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Да знаеја луѓето од Федерацијата, да допираше оваа вистина за козите до Врховниот водач, сигурно ќе попуштеа, по толкуте скришни и јавни молитви на мајките.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа се провира низ скришните патишта што ги открива без да знае како.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како да се заборават тие стравотии?... Во кој скришен дел од мозокот ќе ги смести човекот за да може понатаму?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таму некаде во светот, тој беше сè уште жив и ги котеше своите заговори; можеби некаде зад морето, под заштита на неговите странски господари, можеби дури - така се зборуваше повремено - на некое скришно место во самата Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дојди назад на скришното место. Побезбедно е“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До нив можеше да се дојде, па и тоа несигурно, со помалку или повеќе скришна потрага само на „ слободниот“ пазар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе