скубне (св.)
Кога сакав гласно да го повикам, тој скубна од земја тревка и ја стисна со заби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зашто се јасни изгледаат нејасни, прости ми Исусе, си рече попот Ставре и се скубна за брадата за да си дојде на себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога останаа сами и кога попот Ставре отчита тоа што требаше да отчита, па му го подаде на ибн Пајко залчето натопено во вино, црвено како крвта Исусова, тој се скубна уште неколкупати низ брадата, па рече:
„Е сега, да не се фалам многу, ама со помошта господова и ја смислив една итрина, сине Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ѝ се доближив толку многу
што можеше да скубне
додека да трепнеш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Да, сакаше да ми кажеш дека меѓу животот и смртта има само едно влакно, како ова од мустаќите (и ми скубна влакно од левиот мустак) или како она под мадињата (и ме удри со коленото меѓу ципите).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)