славен (прид.)

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега, тој сердар прочут падна в бој, и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега, а да ги брани нема кој ...“
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се колнеа Гегите, колено чисто на тие Пелазги славни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во животот ропски, во страшниот пекол не, никогаш нема никој да не врати; а работа чесна го сакаме веков, имињата славни почит да ги злати.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ај вие, чеда народни, вистински славни јунаци, викнете, грм издигнете за да си живот смирите.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Ти роди до две имиња славни – чеда и моќ на цел еден свет, кои во дните најтешки темни зарија нож во варварски век.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Борците наши долу слагаа, долу в полето - рамна рамнина, и за слобода борба водеа, славна Дебарца, Славеј Планина...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Јас празник славам, Родино мила. во борби роден, во славни гори, низ него расте нашата сила, илјадогласна песна се ори!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Очите, едното бледосино, другото зеленикаво, бараат во огледалото еден друг, некогаш славен лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги гледаш гондолите по улиците на романтична Венеција. Присуствуваш на седниците на славниот сенат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некојси Сулејман им се обрнуваше со восторжени зборови: “... - Напред по тој страшен, но славен пат по кој сите народи се добрале до слободата...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ана, твоето име ќе биде втиснато врз мермерот на славените!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој е навистина познат и славен, а на славните им требаат убави имиња, но Фигаро беше од оние што не обрнуваа внимание на тоа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А тоа беше нешто што не смееше да му се случи на еден славен мачор.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На славните им се восхитуваме, но дали ги сакаме – друга работа е.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Така заврши славната битка на зелената полјана!...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Салата во која е изложен тој славен камен, е преполна со луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Славен е подвигот на човекот, затоа е славен и каменот што тој го донел од Месечината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Најпосле салата се подиспразнува и ние можеме да се доближиме до славниот камен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе