сладосен (прид.)
Босилекот се вовира остро, ја корне и растресува душата, додека шебојот гали, опива, слади, тера на дремка сладосна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
До него на клупата лежи гајдата, не како да заспала, ами како да смислува нови свирби и писоци, сладосни извиви за попладневното оро.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Само тој ќе знае дека сега внатре нешто му гори, му причинува често сладосни тревоги, но и го гони на луди помисли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)