слаткоречив (прид.)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мислел ли секој од нив дека секој друг потврдно ќе гласа, па неговата анатема на Филозофот ќе остане сама, во малцинство, непрепознаена кај логотетот, дека ќе сокрие дека устата му говори слаткоречива лага, а раката пишува вистина злобна?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Секогаш бегај од слаткоречиви. Од устата нивна тече мед и млеко, а зад тоа се кријат змии отровници.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Заканувачки ми се потсмеваше за случката со тие илјада денари на својот слаткоречив западен дијалект.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)