слепец м.

слепец (м.)

АРСО: Што велиш, нашето ти е како во песната. (Рецитира тихо претпазливо.) Иди у гора — вуци, слези у село — Турци, влези у црква — светци, излези вонка — слепци, влези у куќа — буи, излези вонка — муи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе: — Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слепци, каква полза од цементот, кога веќе час подоцна никнале уште илјада такви места.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нови примери искажуваше, по втор, по трет, по тринаесетти пат ни ја изнесуваше биографијата на заблудениот другар, тој бил ангел, ние сме живееле во голема заблуда, слепци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Их, мајката, и старецот во оваа црвена хартија гледа знаме. Види го ти него, слепецот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со чекор на слепец чиј инстинкт е недостижен, врел и смекнат од замор, дојдов до својата хотелска соба со избледени тапети и прозорци свртени кон широка и жива улица и се фрлив врз жолтата покривка на креветот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понатаму тој вели дека е „голема будалштина кога слепецот со сите сили настојува да ги води оние што гледаат“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Човекот никако не ме припушташе, а јас го следев како слепец сѐ до „мојот“ влез кајшто се запативме и по малку се најдовме во станот под „мојот“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стариот слепец од Кападокија му одговорил: „Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш првпат видов дека виѓавам повеќе од сите други, при очи слепци.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кажуваше Филозофот собитија чудесни уште многу, а јас го слушав со уста подзината, со очи ококорени, со душа возљубена по ука; говореше дека таа топлина и самиот веќе може да ја почувствува, иако не толку јасно како слепецот од Кападокија; говореше дека огнот е праизвор на писмото, како што сонцето е извор на денот, исток негов; говореше дека огнот е и утока на писмото, крај негов, оти секое писмо во оган се претвора; книгите горат затоа што во нив има букви, и топлина огромна; оти не можеш да запалиш нешто во што топлина веќе нема, како што е тоа со каменот или водата; затоа што е потешко да запалиш камен одошто дрво и хартија; но и каменот, велеше може да согори ако на него се забележи писмо топло, и доказ за тоа се ѕвездите опашести; говореше дека сѐ на овој свет е писмо, дека целиот свет е книга; говореше чудесни нешта а јас го слушав и толку се занесов што не забележав кога вратата се отвори и влезе отец Стефан Лествичник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Произлегува, според тебе, дека ние сме слепци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тргнував по тие познати а лажовни виденија. Чекорев како слепец воден од ременот на нивниот пес.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби несреќникот само замижал пред незнаењето како што слепецот е спремен да ја прогласи за ден и опачината на денот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За веѓата. За лепешката од сонот. За белиот бастун на слепецот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во лудава ноќ песот излезе на песокта Слепецот заскитан во својот неповторлив свет Мирно ја прелистуваше книгата на темнината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога си заминуваше светлината Денот квичеше како слепо кутре И го фрлија в река Ако ја надвие водата и залае на песокта Ќе му стане водич на слепецон што чека на брегов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се држите за некои свои излитени принципи и обичаи како слепци за стап. Ме избрукавте пред човекот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе