слив (м.)
XX. Постоја крај тезгавот и крај оној челичен слив на запците од бичкијата, додека под него бесно се плискаше, пенејќи се, водениот порој, удрен во челичниот прстен на турбината, само толку, колку што имаше време да плукне во своите две големи дланки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Татко и тука гледаше излез за семејството на патот кон Америка во сливот на реката на југ кон морето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Историјата на мајкиниот егзил може да се сведе на нејзиното живеење на грчко албанската граница (во родниот Лесковик), во гратчето Јанина, каде што се школувала, потоа животот на албанско-македонската (југословенската граница) во Поградец, во сливот на изворите на Охридското Езеро, патувањето во 1939 година со Татко во Италија, и потоа патувањето од Струга во Тирана во 1943 година, како и последното патување во животот, во 1974 година во сталинистичка Албанија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Одаите полагаат испити по живот Имаат очи со темни зеници во сливот.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Додека стоеја на бедемот од тврдината, Ѓорѓе ја пружи раката кон сливот на Сава во Дунав.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како само едно камче успеа да го замати изворот кој требаше да го заврши патот до сливот чист како солза?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)