слога (ж.)
Ја искам сенка, ја искам прохлада, Душевна ја искам тишина, Че клето ми срце доста вече страда, И сја нагледа вцекаква злина: Коварство сос бедност, сос гордост лукавство, Сон мртов, глупава простота, Љубов на слова, и слога без братство, И хитрост, лâжлива доброта.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Проштавај, апсанџијо мој, тоа сум што сум и ќе бидам пак тоа. Сложи се со тоа, па да има слога меѓу нас“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И сѐ си одеше добро до оној ден кога во семејството на Профим, во неговата слога и љубов, не пукна нешто како кога одненадеж се расцепува небото и удира гром.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се чудам како може и стрмно и рамно да се стави во толкава слога.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По 14 години совршена слога и бурен емотивен живот, женката умре. Човекот стана луд од тага.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Споените алиња, ги спојуваа во слога и љубов и нивните дедовци и татковци, баби и мајки.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Никогаш немаше кавга меѓу нивните две семејства, напротив, само слога.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И, ко што е редот, се свртев кон изгрев, кон Св. Спас, ја кренав раката, се прекрстив и благословив: - Господе, дај им челад на младите, дај им здравје и арнина, дај им слога и топлина, во срцето добрина, место козина коприна, куќата со азно покриј ја, до крајвека, до амина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но, сине, знај, во оваа земја на езерата некогаш луѓето живееја во слога и во разбирање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со векови, овде, крај Езерово, рисјани и муслимани живееја во слога и во разбирање!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Знаеше дека сега ја почувствува слободата на природниот дух кој го водеше низ животот, по патот на правичноста, слогата и простувањето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Хјустон е град на нафта. Бушотините и луѓето живеат заедно, во целосна слога и хармоничен соживот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Името се состои од два слога трај и анка! Ако на слогот трај му се одземе последната буква ј ќе се добие тра.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Слога владееше во нивниот дом.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Лицето на Господ Бог, во неговите темни дворови, се замагли, зашто рамнотежата на слога со сопствената околина беше нарушена.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Свесни сме дека е тоа долг и неизвесен процес, но ние сакаме да си го направиме своето, во прилог на идните генерации, за тие да живеат и да работат во слога, разбирање и хармонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)