сменски (прид.)
Имено, листата на веќе постоечките четири дефиниции се дуплираше т.е. се зголеми за уште четири, и тоа: „работно време“, „време за одмор“, „работа во смени“ и „сменски работник“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од КСС, пак, велеа дека со оваа измена ќе им бидат отстранети „ограничувањата“ на оние луѓе кои сакаат да работат 26 то на нова дефиниција за т.н. сменско работење, според која работа во смени значи „секој метод на организирање на работата во смени во која работниците се сменуваат едноподруго, на исто работно место, во согласност со одреден план и кое може да биде континуирано или со прекини“ – вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време во даден период на денови или недели (чл. 9, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сменски работник е секој работник чијшто распоред на неговата работа е дел од работа во смени (чл. 5, ст.1, ал.8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работа во смени значи секој метод на организирање сменска работа во која работниците се менуваат едноподруго на исто работно место, во согласност со одреден план, и кое може да биде континуирано или со прекини – вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време, во даден период на денови или недели.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На работа едвај беа повратени околу 50 „среќници“ кои секој месец склучуваа договори за вработување на определено време и кои добиваа фиксна плата од 12.000 МКД, иако работеа секоја сабота како да е нормален работен ден, без тоа да биде некаде евидентирано – при што се правеа класични малверзации со картиците за електронска евиденција;5 работеа сменска и ноќна работа строго стоејќи на нозе (за приседнување 252 или потпирање се добиваше казна – 20% од месечната плата), во незатоплена и неклиматизирана фабричка хала.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)