сметка (ж.)

Бугарија се излага во сметката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но другите македонски народности, заедно со другите Албанци, ќе позавидуваат на усилувањето на грчкиот јазик за сметка на другите и ќе организираат партија против грчкиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ВЕТА: Од сега ќе водам сметка. Ќе си запишувам! А особено откога ќе се земеме…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тогаш ќе треба да се стават во дејство водните сили; но тие не ќе можат да се претвораат во евтин електрицитет за сметка на државата, тие сепак ќе треба да му се предадат на „приватниот монопол контролиран од државата“, зашто приватната индустрија веќе склучи низа спогодби и за себе договори огромни оштети…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Водејќи текушти сметки за неколку капиталисти, банката како да врши чисто техничка, исклучиво помошна операција.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А кога таа операција израснува до џиновски размери, тогаш се покажува дека грст монополисти ги потчинува под себе трговските и индустриските операции на целото капиталистичко општество, добивајќи можност – преку врските на банките, преку текуштите сметки и другите финансиски операции – отпрвин точно да се известува за состојбата на работите кај поодделни капиталисти, потоа да ги контролира, да влијае врз нив по пат на проширување или стеснување, олеснување или отежнување на кредитите, и на крај наполно да ја определува нивната судбина, да ја определува нивната рентабилност, да ги лишува од капиталот или да им овозможува брзо и во огромни размери да го зголемуваат својот капитал итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
СТРИКО КОЉО: Сметка правиш? Во наше време повеќе на рабуш се бележеше.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: (Препишува сметки од џепното бележниче во големиот тефтер).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со здравје, со здравје! Дојди утре кај мене да направиме сметка што му чини лихвата до есен.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сакав да направам една шега на сметка нивна.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Третиот, најмалиот наврте дури на 8 кила. Знае спаијата оти така ќе излезе и прави сметка колку ќе биде просечно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Млади луѓе" — си правеше сметка — „поарно да не ѕурат во невестата Јовка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И му ја прави сметката: На Доста и фрли една лира.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За сѐ е нужна чиста сметка: примено олку, дадено - толку, и со букви: толку и толку уште штркови се на лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но кога ги затворија однадвор и ги оставија сами, си дојдоа на себе и се распискаа секое за своја сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие така беа воспитувани: колку повеќе неверници ќе погуби Турчин, толку поубаво место ќе добие од Мухамеда во рајот. Секој си одеше со својата сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Делкај цела ноќ, ќе успееш“, го храбреше и пиеше на негова сметка ветувајќи дека заемот ќе му го врати во оној час кога ќе се обогатат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да не би после ние да ја плаќаме сметката?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше една пренапнатост во него, која не водеше сметка за ништо такво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе