совест ж.

совест (ж.)

За да си ја очистиме совеста пред народот наш за дадените од него жртви, треба, значи, да се зафатиме за културна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој реши 4 месеци да ги чека резултатите од воведувањето на реформите и после со „чиста совест” го објави востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквите слики не им беа пријатни и тие се чувствуваа некако виновни пред своите совести што ја напуштија верата и својот род, станаа предавници, заради удобен живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека не те мачи совеста ако почека малку сопственикот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За сиве овие години Ѓорче беше за мене сѐ: и мој животен идеал и совест човечка и самата Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Страшниот суд, страшниот суд на совеста... ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На една страна е она што го дави човекот, на другата е збран револтот на совеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ти си ја загубил совеста! - рече Арсо возбудено, стискајќи ги усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пресудата треба да ја извлечат на среќа - зарот се фрла за и совеста фрлена да биде...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мнозина, ако лебот само малку се подзасуши, го фрлаат без зрнце грижа на совеста.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Барем во еден миг да си помислил на милионите гладни, на милионите страдни, на милионите во крв што се дават, на твоите несреќни браќа, не ќе си имал совест, мило момче, толку мирно да седиш на таа карпа, да си тераш луд ќеиф.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Има ли тој совест штом така мирно го гледа сево ова?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свртувајќи се кон мене, го впери прстот и рече: Ако има чувство треба да има и грижа на совест за ова нешто...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Можеби почувствувал грижа на совеста, видел дека гнасна работа направил - и се обесил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Играјќи го замислениот живот, некогашните, сегашни и идни Мајстори на Играта, му покажуваат на неговото височество живот, дека и привидот е негова совест.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зарем сето ова не е зачнато од некоја моја, само моја потсвест? Или можеби совест?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Полуостровот за сега ѝ е под мирисливото здолниште а заразата од раните не се шири и не достасува како болка до нејзата спокојна свест и до студената совест.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе